понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Петровска: Критериумите за прочистување на судството се идентични како во законската регулатива, нема ниту еден обвинител кој бил разрешен или подлегнал на одговорност

Петровска: Критериумите за прочистување на судството се идентични како во законската регулатива, нема ниту еден обвинител кој бил разрешен или подлегнал на одговорност

Натали Петровска од Коалицијата „За правично судење“ вечерва на 24 Телевизија, во врска со процесот на прочистување на судството вели дека до сега освен постапката која е во тек за јавни обвинители за случајот 27-ми април, до сега се нема разрешено, ниту подлегнал на одговорност ниту еден јавен обвинител во земјава, на страна случајот Рекет и обвинителката Катица Јанева, чија пресуда не е правосилна.

-За разлика од Судскиот совет, Советот на јавни обвинители има една постапка во тек за јавните обвинители кои што беа надлежни за предметот 27-ми април, па во оваа држава ако го тргнеме на страна предметот за обвинителката Катица Јанева и Рекет кој предмет не е правосилно завршен, нема јавен обвинител кој има поднесено одговорност или разрешено од фунцијата, вели Петровска.

Таа вели дека прочистувањето е комплексен процес кој треба да ги опфати и судиите и јавните обвинители, иако беше објавен при крајот на годината Правилник за оценување на обвинителите кој е повторно во рамки на она редовно оценување кое би требало да се врши секојдневно, треба да се има систем по кој треба да се оценува работата на јавните обвиннители.

-Можам само да констатирам дека она што како модел е предложено за прочистувањето на судството, не за редовното оценување на судиите што е предвидено како регулатива во земјава, геенрално не отстапува премногу од она што е веќе предвидено како процес или начин на оценување на самите судии, вели Петровска.

Петровска вели дека критериумите по кои ќе се оценуваат судиите во престојниот процес на прочистување на судството се идентични со законската регулатива односно се идентични со наведените критериуми во законот за судски совет и законот за судовите.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија