среда, 4. август 2021. Вести денес: 72
home Вести

Петревски: Централниот Изборен Штаб на ГРОМ e подготвен за претстојните избори

Петревски: Централниот Изборен Штаб на ГРОМ e подготвен за претстојните избори

Централниот Изборен Штаб на Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ е целосно подготвен за претстојните парламентарни избори, изјави Крсте Петревски кој ќе раководи со ЦИШ на ГРОМ за овие избори.

Агендата и составот на ЦИШ се веќе дефинирани, нашиот фокус е што повеќе граѓани да се мобилизираат и да ја изразат нивната воља, а притоа целосно и безусловно да се почитувааат мерките за заштита и безбедноста на граѓаните.

Мораме да признаеме дека ова предизборие ќе се разликува од минатите, се соочуваме со светска пандемија која ги демотивира граѓаните , а наша должност е сепак да ги охрабриме за да конечно го поразиме ова зло, чие име е СДСМ.

Од посебен интерес на ГРОМ е овие избори да поминат во мирна, коректна и демократска атмосфера, како и доликува на една европска земја, граѓаните да имаат можност слободно да го искористат своето гласачко право.

ГРОМ на овие избори настапува како дел од Коалицијата „Обнова на Македонија“ со двајца кандидати за пратеници и тоа: Љупчо Пренџов во изборна едница 1 и Билјана Петрушева во изборна единица 4.

Состав на ЦИШ за овие избори:

Шеф на ЦИШ- Крсте Петревски

Членови на ЦИШ:

Александар Трајановски, Горан Михајлов, Оливер Ромевски, Ефтим Пејовски, Никола Николовски, Слободан Ристовски, Сашо Милковски, Лела Николовска, Бојан Милошевски, Лиле Николовска

Коронавирус