петок, 20. мај 2022. Вести денес: 141
home Вести

Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

Петков: Подготвуваме заедничко чествување на Гоце Делчев

Бугарија и Македонија на 4 февруари подготвуваат заедничкo чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Ова го соопшти бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната седница на бугарското Собрание на која пред пратениците информираше за резултатите од меѓусебните посети на политичките делегации од двете земји.

Бугарскиот премиер како позитивен го оцени напредокот направен минатите две недели, иако рече има уште работа.. Како значителен напредок ги наведе трите потпишани меморандуми за земјоделство, мали и средни претпријатија и коридорот 8.

– Димитар Ковачевски е премиер на Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада“. Ова укажува на желба да се заврши работата. Во моментов веќе не се зборува за 5+1, само две недели подоцна ќе треба да ја смениме бројката 4+1. Тоа само по себе е напредок, изјави Петков пред пратениците.

Паралелно со разговорите за економијата и инфраструктурата, кажа Петков, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во Македонија и рамковната позиција. Како напредок ја оцени подготвеноста на премиерот Ковачевски, како што рече, да ги вклучи Бугарите во македонскиот Устав, но од друга страна повтори дека македонско малцинство во Бугарија не постои и нема да дозволи на таа тема да се разговара.

– Премиерот Ковачевски кажа дека не гледа проблем за вклучување на Бугарите во Македонија во нивниот Устав. Не се обврза со време, но тоа за првпат го објави… Теми за македонско малцинство се апсолутно неприфатливи и недопустливи. Бугарската власт не би ја отворила вратата за таа тема. Не планирам да ја дускутирам, тоа тврдо „не“ таму значи дека е затворена таа тема, изјави Петков.

Иако од бугарската опозиција го поздравија решението со нотата до ОН за краткото име, поранешната министерка за надворешни работи од опозициската ГЕРБ Екатерина Захариева му упати на Петков, како што рече, „пријателски совет“ да не ги крева премногу очекувањата.

-Г-дине премиер намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате пред сите нас. Ова е еден апсолутно добронамерен совет, затоа што многу пати го видовме тоа. Знаете ли колку меморандуми потпишавме какви што вие потпишавте со нив? Над 20. И за коридор 8 овој сигурно е третиот, изјави Захариева.

Одбележувањето на јубилејот од раѓањето на Делчев ќе се одржи идниот петок, а што точно се предвидува се уште не е јасно. Инаку, и досега имаше заедничко положување на цвеќе на гробот на Делечв во Скопје и пред споменикот во Бугарија од страна на претходните премиери Заев и Борисов, но и по многу обиди историчарите не успеаа да постигнат согласност околу неговиот лик и дело.

Најнови вести

Коронавирус