среда, 14. април 2021. Вести денес: 36
home Вести

Петкоска: Заев своите градоначалници ќе ги награди со 36 милиони евра за стагнација и неработа на општините

Петкоска: Заев своите градоначалници ќе ги награди со 36 милиони евра за стагнација и неработа на општините

Во политиката исполнувањата на ветувањата дадени пред почетокот на извршувањето на задачата добиена директно од граѓаните го определуваат интегритетот на личноста на крајот од мандатот“, нагласи Лидија Петкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Петкоска додаде дека токму таа мисла за интегритетот на личноста ја говореше премиерот Зоран Заев пред да стане премиер, но очигледно мислата не ја употребил во својот мандат бидејќи се што вети пред избори остана само на хартија, ништо не исполни за доброто на граѓаните. Но освен што премиерот ништо не исполни, тоа го сторија и неговите градоначалници скоро четири години како се градоначалници но ништо не исполнија што ветуваа за своите општини.

-Каков е интегритетот на градоначалниците инсталирани од вашата коалиција, и што стана со исполнувањето на ветувањата кои ги дадовте пред граѓаните, запраша Петкоска од собраниската говорница.

Петкоска посочи дека по 3,5 години општините од градоначалниците на Зоран Заев добија уназадување, нереализирање на ветени проекти, нови задолжувања, пропаднати и истрошени пари на граѓаните итн.

-Ќе се олесни финансискиот аспект на општините но нема да се реши за тоа што станува збор за ад хок решение, решение кое како што кажав е многу повеќе промотивно отколку да биде продуктивно. Имено со денешното законско решение се предлага 4,5% од наплатениот просек на ДДВ од изминативе три години да се префрли на општините во 2021 година наспроти актуелното решение 4,5% од ДДВ за 2020-та година. Ова значи дека сите општини ќе поделат вкупно 36 милиони евра. Тоа се истите тие општини кои за својата неработа во 2018-та година добија 50 милиони евра за да ги покријат неплатените долгови. Но, наместо тоа само две години подоцна градоначалниците од СДСМ направиле нови долгови во износ од 23 милиони евра, појасни Петкоска.

Петкоска додаде дека градоначалниците на СДСМ сега ќе ги награди Заев со 36 милиони евра за нивната неработа и стагнација на општините.

Коронавирус