четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 118
home Вести

Петкоска: Наместо економско закрепнување на општините имаме само задолжување, превработеност и неработа на локално ниво

Петкоска: Наместо економско закрепнување на општините имаме само задолжување, превработеност и неработа на локално ниво

На денешната седница со Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска истакна дека со овој ребаланс на буџетот власта нема план за економско закрепнување, план за справување со пандемијата, и развивање на економијата.

-Со внимание ве слушав како тоа овој ребаланс бил продуктивен, бил за економско закрепнување,за справување со пандемијата, за развој на економијата.Слобнодно можам да кажам дека овие изрази, во овој ребаланс се само таксативно наведени, без да се каже како, значи нема одговор каков е планот за економско закрепнување, како ќе се справите со пандемијата и како ќе ја развивате економијата, нагласи Петкоска.

Пратеничката Лидија Петкоска додаде и дека намаесто развој на општините имаме само задолжување, превработеност и неработа на локално ниво.

-Кажавте зголемување на вработувањата, ама меѓу редови тоа значи зголемувања на партиските вработувања или поконкретно предизборно партиско вработуување а со партиски вработувања ниту се јакнат институциите ниту пак се реформира администрацијата. Сведоци сме дека години изминаа откако го очекуваме инвестицискиот бум, кој на општините требаше да им обезбеди економски одржливост и да создаде услови за стопирање на миграциите на млади луѓе, ама од општините гледаме само понатамошно задолжување, превработеност и неработа, заклучи Петкоска.

Коронавирус