сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 41
home Вести

Петкоска: Без процедура, нема парламентарна демократија!

Петкоска: Без процедура, нема парламентарна демократија!

Комисијата за Европски прашања повторно демонстрира неевропски вредности!

Со злоупотреба на европското знаменце, наместо во редовна постапка, предлог-законот за државјанство го туркаат во скратена постапка, со прекршена деловничка процедура.
Иако законот најпрво беше предлог на пратеници од Алијанса за Албанците, истиот одеднаш осамна како владин предлог.

Предлагачот заборави на своето претходно критичко мислење за предложениот закон, за сега, критикуваните решенија да ги пласира како свои!

Брзајќи го процесот, фамозната Комисија за европски прашања демонстрираше моќ и насила го изгласа дневниот ред, без да овозможи дискусии на сите пријавени пратеници кои имаа процедурални забелешки и без да го образложи Известувањето од Претседателот за тоа зошто поднесените 6 суштински амандмани од нашата пратеничка група ни се враќаат како неуредни!

Истото ни се случи и со амандманите поднесени на Законот за лична карта, за кои, исто така, не добивме образложение по кој член од Деловникот Спикерот утврдува неуредност.

Претходно сите останати амандмани и коресподенции се одвиваа во истата форма, без конкретни забелешки.

Што се случи со транспарентните и демократски процеси и дали ова Собрание функционира според расположението на првиот меѓу еднаквите?!

Без процедура, нема парламентарна демократија!

Коронавирус