недела, 26. јуни 2022. Вести денес: 73
home Вести

Петкоска: Бараме дополнување на законот за трговија за да може да се работи и во недела, сѐ со цел да им се помогне на туризмот и економијата

Петкоска: Бараме дополнување на законот за трговија за да може да се работи и во недела, сѐ со цел да им се помогне на туризмот и економијата

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска, денес на собраниска седница, говореше за дополнувањето на законот за трговија кој се бара со една основна цел, да се овозможи туристичките места утврдени со законот за туристичка дејност да можат да работат и во недела.

– Брзите и непромислени законски решенија кои власта брзоплето ги истурка, резултираа со тоа што туристичките места ни станаа неатрактивни викенд дестинации. Статистиката покажува дека во недела и за време на празник посетителите се слободни и своето време го користат за туризам и купување во туристичките места. Најголем дел од неделниот промет на микро и малите дуќанџии се остварува токму за деновите од викенд и празник. Изразено во бројки, според финасиските и социјалните анализи кои се утврдени во приходниот и трошковниот аспект на дејностите, пред и после примената на законот за трговија, проектираните резултати покажуваат дека годишните приходи се кратат на 60% затоа што најголемиот дел од приходите се остварува за време на викенди и празници кога има најголем број на посетители. Наведените состојби ја наметнаа потребата за дополнување на законот за трговија.
Со законот за трговија се утврдуваат условите и начинот за вршење на трговија на внатрешниот и надворешиот пазар, мерки за ограничување на вршење на трговијата и заштитни мерки. – рече Петкоска.

Петкоска го повика владејачкото мнозинство и колегите пратеници од туристичките места да го поддржат предлог законот сѐ со цел да се помогне на туристичкиот развој и економијата кои благодарени на оваа владејачкаа гарнитура, вели Петкоска, се на колена. Додаде дека ова е шанса на владејачкото мнозинството да покаже грижа за туризмот и економијата во Македонија.

Коронавирус