вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Петгодишно дете од штипска градинка позитивно на коронавирус

Петгодишно дете од штипска градинка позитивно на коронавирус

Петгодишно дете во централниот објект на штипската градинка „Астибо“ е прв позитивен случај на коронавирусот меѓу децата кои се згрижени во Штип. Пред шест дена беа евидентирани четири позитивни случаи меѓу вработени во двете детски градинки, по што 24 деца со две вработени беа изолирани.

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска за МИА го потврдува случајот и вели дека денеска е пристигнат резултатот, по што се информирани сите надлежни институции и Општина Штип.

– Петгодишното дете е дел од групата, која е изолирана, по појава на вирусот кај воспитувачката на групата. Но, епидемиолозите не го поврзуваат случајот на детето со воспитувачката, бидејќи неколку дена претходно не доаѓало во градинка. Според епидемиолошката анкета воспитувачката се заразила од член во семејството, истакна Трајчевска.

Таа додаде дека на негователката и на останатите 11 деца периодот на изолација им изминува во петок, по што можат да се вратат во градинката. Трајчевска за МИА потенцира и дека забележано е и дека дел од родителите самоиницијативно ги тестираат своите деца. Инаку во објектите на градинката „Астибо“ се работи согласно протоколите и мерките.

Коронавирус