вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 6
home Вести

Пет месеци од почетокот на проектот, ниту еден сантиметар асфалт на автопатот Скопје – Блаце

Пет месеци од почетокот на проектот, ниту еден сантиметар асфалт на автопатот Скопје – Блаце

На 18 мај започнаа работите на автопатот Скопје – Блаце. Ископано е дел од земјиштето, но работите се одвиваат многу бавно.

-Поминаа 5 месеци од почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Иако беше кажано дека првите два километра ќе завршат за 18 месеци, на терен работите се одвиваат многу бавно. Багери не видовме ниту денеска., јавува репортерот на ТВ21.

До сега координатор на овој проект беше Бујар Османи додека беше вицепремиер за интеграции, а сега не се знае кој ќе ги координира процедурите кои ја кочат работата. Првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби пред неколку дена на Клик Плус рече дека соова прашање ќе се занимава ЈП Државни патишта со кое ќе раководи кадар на ДУИ.

-Дека овој мандат ќе биде поинаков, се гледа од ресорите за кои сме определени. Се определивме за финансискиот и економскиот ресор, логистика и инфраструктура. Го добивме претпријатието Државни патишта и приоритет ни се тие кои заглавија. Особено тие кои се суштински за нас, инфраструктура и коридорот 8., рече Груби.

Првите два километра од овој автопат ги изведува претпријатието Гранит, ангажирано од ЈП Државни патишта. Директорот Зоран Китанов не сакаше да даде изјава за одложувањето на работите и дали ќе биде и натаму директор, но не’ упати кај службите. Од таму се уште без одговор.

Како пречка за работите е и отуѓувањето на земјиштето, каде жителите на Блаце бараа до 100 евра, а државата им нудеше по 4 евра.

Како приоритет, автопатот Скопје- Блаце го најави и лидерот на ДУИ, Али Ахмети според кого работите ќе завршат за 2 години.

Коронавирус