петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Пет дена по убиството во Шишево, убиецот на младото момче и натаму е на слобода

Пет дена по убиството во Шишево, убиецот на младото момче и натаму е на слобода

Пет дена по убиството на 20 годнишното момче Ајдин Ајдини од Шишево, убиецот е се уште на слобода.  Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека тој случај се уште не пристигнал до Јавното обвинителство, пренесува ТВ 21.

„МВР околу настанот собира доболнителни податоци и кога ќе ги собере сите податоци за да биде на ниво на кривична пријава ќе достави до ЈО“, рече Јовески.

Иако Јовевски тврди дека имаат добра соработка со МВР, пред два дена министерот за внатрешни работи изјави дека против истото лице во 2014 година и во декември 2018 година поднесена е кривични пријави до Јавното обвинителство за носење оружје.

„Таа постапка наместо да заврши со притвор оди по редовна постапка и тој е на слобода. Постојат многу вакви активности и тоа покажува дека мора системот да јакне. МВР не е безбедноста во државата сама по себе, МВР сме сите ние. Безбедноста во државата сме сите ние. Граѓаните и другите институции треба да преземат мерки од сопствена надлежност ако сакаме да бидеме ефикасни“, изјави Спасовски.

Во 2018 година имало 18 убиства од кое едно не е расчистено. Само во изминатиот викенд се случија 3 убиства, по едно во Скопје, Тетово и Струга.

Извор: ТВ 21

Коронавирус