сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 31
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Пешевска: Власта нема ниту план ниту реална проценка за тоа што треба да се превземе за да се надмине пандемијата

Пешевска: Власта нема ниту план ниту реална проценка за тоа што треба да се превземе за да се надмине пандемијата

Последните бројки на заразени и починати од вирусот јасно покажува дека власта нема ниту план ниту реална проценка за тоа што треба да се превземе за да се надмине пандемијата.

Наместо соочување со реалноста и превземање на чекори за заштита на здравјето на граѓаните ние гледаме изјави како се враќаме во нормалниот живот за по два дена да го добиеме шамарот и да се соочиме со над 50 заболени.

Откако видоа дека ја утнаа работата тргнаа да го напаѓаат Министерот Наќе Чулев кој замислете бил “виновен” за бројот на заболени бидејќи не ги спроведувал мерките кои ги носела владата. Каква небулоза!?

Виновен е Чулев а не се виновни цела влада и цело СДСМ кои тргнаа во кампања на средби со граѓани во занес дека на 21 Јуни ќе има избори и го ставија животот на граѓаните во ризик?

И конечно најголемата одговорност поради која Македонија е единствена во светот која се соочува со зголемен број на заразени во овој период е во Комисијата за заразни болести, која наместо професионални тргна да носи партиски одлуки и затоа најдобро за сите граѓани е да си поднесат оставка како чин на морална одговорност и на нивно место да се постават професионалци кој ќе си ја вршат својата работа одговорно и чесно во интерес на граѓаните а не на партијата!

Фејсбук статус на Жаклина Пешевска

Парламентарни избори 2020