сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Пешевска: Владината политика и погрешниот избор на кадри се единствените виновници за лошата состојба во институциите!

Пешевска: Владината политика и погрешниот избор на кадри се единствените виновници за лошата состојба во институциите!

Крајно време е лицата на власта да престанат да вршат притисок и да ги остават врботените да си ја работат својата работа, бидејќи декларативно тоа беше нивна заложба за професионализирање на администрацијата и вложување во човечки капитал, пишува на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на Пешевска:

Владината политика и погрешниот избор на кадри се единствените виновници за лошата состојба во институциите!

Крајно време е лицата на власта да престанат да вршат притисок и да ги остават врботените да си ја работат својата работа, бидејќи декларативно тоа беше нивна заложба за професионализирање на администрацијата и вложување во човечки капитал.

За жал, навикнавме на предизборни манипулации кои потоа прераснуваат во постизборна амнезија. Па така, денес сме сведоци на страшната реалност во која мобингот од страна на владините кадри оди до таа мера што завршува со смртни закани! Тоа се невидени притисоци и газење по личноста на секој можен начин.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува секој вид на притисок на работните места. Од таа причина апелираме директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Лидија Димова да се посвети на унапредување и развој на институцијата која ја предводи, наместо да дозволува нејзина соработничка на крајно нечовечки начин, недостигот на пари во благајната да го бара на погрешно место и при тоа дрско да се изживува врз жена која заслужува достинствено пензионирање.

Бараме надлежните институции итно и неодложно да го испитаат случајот кој го пријави благајничката Ана Павлиду, личност која после 38 години работа во институцијата, токму пред пензионирање ја доживува агонијата да биде третирана како криминалец, трпејќи и закани по сопствениот живот.

– Зошто управниот одбор не ја потпишал завршната сметка за 2019 година?

– Кое е надворешното лице ангажирано во Агенцијата кое ги потпишало подигнатите и исплатени документи, како и изјавата дека ја превзема целата одговорност и зошто на истото лице потоа му е прекинат договорот со одлука од страна на директорката Лидија Димова лицето да ги врати подигнатите средства назад?

– Зошто лицето не ги вратило средствата, а за тоа директорката ја обвинува Ана Павлиду, иако е информирана за целиот тек на случајот?

– Зошто Димова одбивала да ја пензионира благајничката сè до усвојувањето на нејзините жалби од страна на надлежните институции?

– Зошто надлежните институции го премолчеле овој случај против Димова?

– Зошто не се почитува мериторната одлука од Агенцијата за администрација со која се докажува дека Ана Павлиду не зела пари од благајна и не причинила никаква материјална штета?

– Зошто на Ана и е забранет пристапот во службените простори, а при тоа добива и закана по сопствениот живот ако недостасува нешто во документацијата ….

се дел од прашањата на кои Ана Павлиду и целата македонска јавност заслужуваат одговор, а Лидија Димова мора да понесе одговорност!, пишува во својата објава пратеничката Пешевска.

Владината политика и погрешниот избор на кадри се единствените виновници за лошата состојба во институциите! Крајно…

Gepostet von Жаклина Пешевска am Freitag, 16. Oktober 2020

Коронавирус