четврток, 4. март 2021. Вести денес: 135
home Вести

Пешевска: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за состојбата која за жената од Дебар ќе има долготрајни животни последици

Пешевска: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за состојбата која за жената од Дебар ќе има долготрајни животни последици

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ но првенствено како жена, згрозена сум од веста, дека една жена од Дебар која се породила во болницата во Струга со царски рез, дома се вратила без матка, бубрег и без еден јајник, стои во Фејсбук статусот на Жаклина Пешевска.

– Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ бара и очекува во итна постапка, институциите на системот да го расчистат случајот, и јавноста да добие јасни и прецизни информации што точно се случило со жената од Дебар. Доколку постои лекарска грешка и негрижа, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од евентуалните виновници за ваквата состојба која за жената од Дебар ќе има долготрајни животни последици, пишува таа.

Коронавирус