петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Пешевска: СДСМ ветуваше квалитетно образование, а со буџетот за 2019 предвидува помалку пари, тоа е лицемерие

Пешевска: СДСМ ветуваше квалитетно образование, а со буџетот за 2019 предвидува помалку пари, тоа е лицемерие

Имате проектирани 9 ипол проценти поголеми вкупни приходи во однос на 2018 година а тоа всушност ќе се направи со зголемување на даноци, зголемени акцизи и стапки на придонеси. Предвидувате за жал зголемување на плати за 5 проценти во администрацијата и за ова не е мотив подобрување на стандардот на администрацијата туку вашиот популизам во пресрет на изборите наредната година, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска од собраниската говорница.

Пешевска додаде дека владата на СДСМ во 2016 година ветувала квалитетен образовен систем и најмодерни објекти додека сега во овој мегаломански буџет за 2019 година предвидувале помалку средства за клучните сегменти во образовниот процес.

-За 2019 година предвидувате помалку средства за ученички и студентски стандард, наука за изградба и реконструкција на студентски домови во однос на она што го предвидувавте лани ова време. За волја на вистината лани предвидувавте 6,7 милиони евра, додека за 2019 година предвидувате 5,9 милиони евра или скоро милион евра помалку, изјави Пешевска.

Таа одаде дека градоначалникот на Општина Гази Баба во предизборниот период на локалните избори во 2017 година ветувал изградба на детски градинки во неколку населени места, нагласувајќи дека до сега ниту една не се изградила ниту пак се проширил капацитетот на веќе постоечките.