среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 131
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Пешевска: СДСМ прави предизборен поткуп, обештетува стечајци само пред избори

Пешевска: СДСМ прави предизборен поткуп, обештетува стечајци само пред избори

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, предлог-законот за пензиско-инвалидско осигурување, што го предлага СДСМ и нивните коалициони партнери е продолжение на закон што ВМРО-ДПМНЕ го предложил во 2015-та година.

-Дефинитивно ми се наметнуваат дилеми и прашања во однос на колкава е категоријата на луѓе што ќе се опфатат со овој предлог-закон. Во 2015-та година имаше поднесено ваков закон, исто надополнување на членот 7, за да сега продолжи надополнувањето. Тој закон беше на барање на голем број луѓе, работници кои што доаѓаа од пропаднати фирми или поради стечај веќе не постојат фирмите, а ги немале поднесено пензиско-инвалидските придонеси. Тогаш во тој период стануваше збор за околу 20 илјади граѓани на кои што им недостигале месеци или години за да одат во пензија. И на тој начин да им се излезе во пресрет за да си го остварат правото. Но, мене ме интересира за колкав број на категорија на луѓе се работи, односно колку работници се опфатени со ова законско решение, праша од говорницата Пешевска.

Инаку објасни таа, со овој закон се уредува на кој начин се утврдува стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен за задолжително социјално осигурување, а од страната на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не е платен придонесот за пензиско-инвалидско осигурување да може самиот за себе да изврши плаќање за придонесот за пензиско-инвалидско осигурување.

Во врска со стечајците, Пешевска рече дека СДСМ обештетува стечајци само пред избори.

-Обештетивте стечајци во 2017-та година пред локалните избори, потоа во 2019-та година пред претседателски избори и сега во 2020 пред парламентарни избори. Баш поради тоа ми се појавува сомнеж дека е еден предизборен поткуп. Иако неколку пати објаснив дека не сум против ова законско решение, кое е продолжение на она законско решение кое нашата партија ВМРО-ДПМНЕ го имаше донесено во 2015-та година, но сметам дека СДСМ со ова решение сака да ги поткупи гласачите, посочи Пешевска.

Коронавирус