вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Парадоксално е во 21 век да зборуваме за проблеми со вода и канализациони мрежи

Пешевска: Парадоксално е во 21 век да зборуваме за  проблеми со вода и канализациони мрежи

На денешната собаниска седница за ребаланс на буџетот, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска истакна дека во 21 век не треба да се разговара за проблеми со вода и канализациони мрежи.

Имено таа посочи дека оваа влада со ребалансот скрати околу 50% од средствата и за отпочнување на водововод во општините и за канализациони мрежи.

-Вчера започнав една тема за тоа како ги одредувата приоритетите кога се прави ребаланс за тоа кој проекти ќе ги реазлирате, кои не. Вие ја потврдувате мојата теза дека вие прифаќате амандмани и делите средства на политички подобни и политички неподобни.На политички подобни СДСМ и про ДУИ одобрувате амандмани што не е фер затоашто и во другите општини живеат луѓе, и дугитер општини заслужуваат да имаат водовод и канализација и парадоксално е во 21 век да зборуваме за вода. Парадоксално е жителите на Раштак, на Брњарци да имаат вода во цистерни или да одат од околните места да полнат вода , да купуваат.Некои немаат можност да отидат да купат вода , ниту да наполнат бидејќи немаат возило а има и такви случаеви во рураалните средини, но, доколку ги имате посетено ќе знаете за нив, потенцираше пратеничката.

Пешевска додаде дека со акробациите што оваа влада ги прави со ребалансот всушност ги намалауваат средствата за амандмани кои проеизлегуваат од програмата „План за живот“ но и тоа не успеваат да исполнат.