сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 56
home Вести

Пешевска: Оправдана е загриженоста на граѓаните од можен изборен фалсификат

Пешевска: Оправдана е загриженоста на граѓаните од можен изборен фалсификат

И кај мене, како и кај мнозинството граѓани оправдана е загриженоста од изборен фалсификат по сите скандали кои се случија во ДИК а поврзано со сумирањето на резултатите од изборите. Неопходно е, Државната изборна комисија да го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за да се изврши рачно броење на гласачките ливчиња, доколку сакаме кај граѓаните да се намали сомнежот од можен изборен фалсификат, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

За жал покрај спроведувањето во време на пандемија, овие избори ќе се паметат и по чудно броење на гласови.
И покрај се што се случуваше во кампањата, целиот поткуп на денот на гласање, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победи во 41 општина во Република Македонија, пишува Пешевска во својата објава на Фејсбук.

Коронавирус