понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 104
home Вести

Пешевска: Од суштинско значење е фекалната канализација за жителите на местото Триангла и затоа предлагам овој амандман да се прифати

Пешевска: Од суштинско значење е фекалната канализација за жителите на местото Триангла и затоа предлагам овој амандман да се прифати

Од суштинско значење е да се заврши фекалната канализација од местото Триангла, од каде што доаѓам и јас. Претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ реализираше две фази на атмосферска канализација во мојата населба, но остана третата фаза и тука се четири улици кои не се опфатени со атмосферската канализација во кои што е и мојата улица, изјави Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет.

Таа додаде дека не се бори за решавање на овој проблем затоа што таму таа живее, туку поради тоа што жителите од овој крај имаат проблем, односно како што речи таа куќите во кои живеат жителите на ова населено место се наоѓаат испод нивото на атмосферската канализација и имаат проблеми при поројни дождови.

Пешевска апелираше до министерот Тевдовски да се прифати овој амандман.