сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Пешевска: Нема голем интерес да се дојде до конечно решение за законот за јавно обвинителство од страна на СДСМ

Пешевска: Нема голем интерес да се дојде до конечно решение за законот за јавно обвинителство од страна на СДСМ

Во емисијата „Топ Тема“ пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Жаклина Пешевска кажа дека нема голем интерес од страна на СДСМ да се дојде до конечно решение за законот за јавно обвинителство.

Пешевска дополни дека СДСМ се постојано контрадикторни и даваат едни ветувања пред изборите, а сосема други по изборите. Таа кажа дека тие имале ветување дека од втората година од владеењето ќе се дозволи избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата додека сега СДСМ ретерира од тоа прашање.

Пратеничката додаде исто така дека СЈО не го оправда неговото создавање и не ги оствари очекувањата на граѓаните односно таа потенцираше дека СЈО е синоним за криминал и корупција.

Коронавирус