недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Пешевска: Не верувам дека ќе има реална борба против дискриминација ако се има во предвид како власта функционира

Пешевска: Не верувам дека ќе има реална борба против дискриминација ако се има во предвид како власта функционира

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на вечерашното гостување на емисијата Топ тема на телевизија Телма рече дека во Македонија како држава со силно политизирано општество дискриминација има по сите основи.

-Критериумите се оскудни и повторно се отвора простор членовите да бидат избрани по политичка линија. И невладините имаа низа на забелешки, а дел од истите и не беа прифатени од Собранието, едноставно немаше интерес од мнозинството. Ние сме уверени дека изборот на членовите нема да биде кредибилен, но да оставиме на времето да тече процесот на избор на членовите. Се сомневаме и имаме основа зошто да се сомневаме, но да оставиме процесот за избор на членови да продолжи за да не излезе дека не се почитуваат правилата, рече Пешевска говорејќи за новите правила за составот на Комисијата за заштита од дискриминација.

Спиред неа ако се има во предвид како се носат и почитуваат правните норми од власта веќе како да имаме сликички до критериумите од партиските луѓе.

Пешевска укажа дека и пратеничката Маја Морачин која е дел од владеачкото мнозинство поднесе амандман со забелешки од опозицијата и невладините, а дека власта не и го прифатила.

Коронавирус