сабота, 6. март 2021. Вести денес: 32
home Вести

Пешевска: Додека власта релативизираше дека состојбата со КОВИД-19 е под контрола државата стана рекордер по број на заразени и починати

Пешевска: Додека власта релативизираше дека состојбата со КОВИД-19 е под контрола државата стана рекордер по број на заразени и починати

Жаклина Пешевска, Претседателка на Унија на жена на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за целата ситуација со корона вирусот и посочи дека додека власта релативизираше дека состојбата со пандемијата е под контрола во Република Македонија е со најголеми бројки на заразени и починати од КОВИД-19.

-Ние добиваме шамари од сите соседи ако ги земеме сите работи кои ни се случуваат во последно време и тоа е се поради неодговорноста на оваа старо-нова влада. Додека се објаснуваше и се релативизираше работата во однос на пандемијата дека се е под контрола излезе да сме со најголеми бројки на заразени и на починати од КОВИД-19. Сега од релативизирање на работите и дека цветаат рози во Република Македонија најмногу губат граѓаните и државата и сега доаѓаме во ситуација и да не можеме да примиме подарок од Србија. Многу е голема одговорноста во однос на пандемијата и не само како опозиција дека сме цело време критички настроени, но за жал тоа е реалноста во Македонија. Најпрво власта не ја препозна целата ситуација во однос на пандемијата, велат прв случај имало во февруари лани, реално ние имаме од декември 2019 случаи на корона, ама еве официјално прв случај во февруари. Една година не успееја да воспостават во најголемите жаришта да има доволно кислород, докторите на самиот старт на пандемијата се соочија со недостаток на заштитна опрема . Имаше иницијата каде и ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се приклонивме да изработиме заштитна опрема и дониравме онаму каде што имаше навистина потреба, рече Пешевска во своето гостување.

Коронавирус