четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 120
home Вести

Пешевска до власта : Со ребалансот на буџетот во делот на образованието мотото ви е кратење без план

Пешевска до власта : Со ребалансот на буџетот во делот на образованието мотото ви е кратење без план

Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Жаклина Пешевска на собраниската седница кажа дека власта ветувала брда и долини во делот на образованието додека со новиот ребаланс на буџетот крати огромни средства токму во тој дел.

– Во однос на образованието вашето мото беше градиме со план со ребалансот всушност во образованието е кратење без план. Трета година како сте на власт , трета година кратење од буџетот за образование на нашите деца.

Пешевска исто така истакна дека владата ништо што ветила до сега како студентски градови , студентски гаранции, фитнес центри, игралишта и слично не исполнила и дека континуирано ги лаже студентите.

Локални избори 2021