вторник, 9. март 2021. Вести денес: 16
home Вести

Пешевска: Апелирам до Венко Филипче како и до Владата и останатите надлежни институции за вонредна набавка на поголема количина на клексан

Пешевска: Апелирам до Венко Филипче како и до Владата и останатите надлежни институции за вонредна набавка на поголема количина на клексан

Претседателката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска преку статус на Фејсбук упати апел до министерот за здравство Венко Филипче.

-ЈАВЕН АПЕЛ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ!
До мене стигнуваат информации, поплаки и сведоштва од бремени жени со утврдени високи вредности на д-димери во крвта, на кои им е препишано дека е потребно да се третираат со клексан, а истите неможат да најдат клексан во ниту една аптека со што луѓето мораат да се снаоѓаат со набавка на истиот од соседни држави.
Апелирам до министерот Венко Филипче како и до Владата и останатите надлежни институции за вонредна набавка на поголема количина на клексан, бидејќи не само бремените жени туку и останати категории на луѓе имаат потреба од третирање со клексан но истите неможат да го остварат уставно загарантираното право на здравствена заштита, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

ЈАВЕН АПЕЛ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ!

До мене стигнуваат информации, поплаки и сведоштва од бремени жени…

Posted by Жаклина Пешевска on Вторник, 19 јануари 2021

Коронавирус