вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 70
home Вести

Пешевска: 16 часа ме држеа со лисици на рацете, децата ми одат на психолози- немам сторено кривично дело

-Не можам да повторам дело кое не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниту еден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва, за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца, кои се под третман на психолози, рече таа.
Пешевска: 16 часа ме држеа со лисици на рацете, децата ми одат на психолози- немам сторено кривично дело

На јавна седница во Апелациониот суд во Скопје пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска побара да ѝ биде укинат куќниот притвор, мерка која и е определена поради нејзиното учество во настаните од 27-ми април.

-Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Повреден е законот и Уставот со моето апсење. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете, рече Пешевска

-Не можам да повторам дело кое не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниту еден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва, за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца, кои се под третман на психолози, рече таа.

Обвинителите, пак, побараа да остане мерката куќен притвор и ги отфрлија аргументите на одбраната.

До сега Апелација ги одби жалбите на претходните обвинети, кои се жалеа за продолжување на мерката притвор и ги потврди одлуките на Кривичниот суд.

-Сакам да му честитам на доблеста на народниот правобранител Иџет Мемети, кој констатира дека пратеничката била незаконски уапсена, рече нејзиниот адвокат Боро Тасевски.

Со кршењето на нејзините права се кршат човековите права на илјадници граѓани кои гласале за неа да биде пратеник, додаде адвокатот.