петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пешев: Мерката за ограничување на угостителските објекти никој не ја контролира

Пешев: Мерката за ограничување на угостителските објекти никој не ја контролира
МИА

Стопанственикот Антони Пешев во своето гостување во емисијата 24 анализа зборуваше за мерките на Владата кои беа донесени поради корона вирусот односно мерката за ограничување на работното време на угостителските објекти и рече дека таа мерка е донесена бидејќи не можат да се контролираат настаните кои се случуваат во тие објекти затоа што нема на располагање доволно инспекција и полиција. Според него оваа мерка никоја не ја контролира.

-Таа е врзана со неможноста да се контролира настаните да се случуваат по тие објекти во услови кога веќе немате на располагање доволен број на луѓе кои може тоа да го контролираат , немате полиција, немате инспекција, немате ништо. Никој не ја контролираше гласината на музиката, колку луѓе се седнати на маса. Веднаш видовме луѓе качени на маси со музика, рече стопанственикот Пешев.

Коронавирус