понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 165
home Вести

Перјаниците на власта со фејк њуз- Заев во паника шири лажни вести?!

Перјаниците на власта со фејк њуз- Заев во паника шири лажни вести?!

Од лидерската средба што се одржува во претседателската резиденција вечерва, провладините медиуми објавуваат неколку “ексклузивни” детали.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на средбата реферирал за поддршката што нашата земја ја добила од сите лидери на земјите членки на ЕУ, особено за реформите што се спроведуваат во земјата. Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, му изразил признание за успесите во Брисел, како и за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори. Мицкоски не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија како реакција на излагањето на Зоран Заев, стои во објавата која циркулира по провладините медиуми.

Редакцијата на Курир побара став од ВМРО-ДПМНЕ дали навистина ова се случувало на лидерската средба но изрично ни беше демантирана информацијата, а од партијата ни додаваат дека се одбројани деновите на оваа криминална власт.

Останува нејасно со која цел се објавуваат неточни информации во јавноста.