понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 72
home Вести

Перински во посета на ПСОВ – Волково

Перински во посета на ПСОВ – Волково

Генералниот директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, денеска беше во работна посета на пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) – Волково.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, ПСОВ – Волково е наменета за пречистување на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково, со што директно делува на заштита на животната средина.

Станицата е предвидена за 19.500 еквивалент жители. Најголем придонес од проектот ПСОВ – Волково е заштитата на подземните води и на водите што се користат како резервен водоснабдителен систем за градот Скопје (бунарското подрачје Нерези-Лепенец).

За пречистување на отпадната вода се применува современа SBR технологија. Ефлуентот од ПСОВ Волково се пречистува според барањата на Директивата на ЕУ за урбана отпадна вода (91/271/EEC, 98/15/EC) за чувствителни подрачја.

Коронавирус