недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Перински: Патот до Европа почнува со работа, а Аеродром и Марин се далеку од тоа

Перински: Патот до Европа почнува со работа, а Аеродром и Марин се далеку од тоа

Патот до Европа почнува со работа, а Аеродром и Марин се далеку од тоа. Општина Аеродром започна кампања “Патот до Европа почнува од Аеродром”.

Веројатно овој слоган е се што општината Аеродром и градоначалникот Марин не се.

Аеродром со Марин е поблиску до Африка споредено со Европа затоа што:

– Од вкупниот износ за капитални инвестиции реализира само 5 проценти, а подобро од Аеродром стои едно Арачиново, Кратово, Шуто Оризари, Струга и Велес;

– Аеродром станува бетонска џунгла, за приватните џебови на моќниците на власт. Општината и Марин за 10 месеци од 2020 година добриле градба на 1155 станови, или над 63 илјади м2 стамбен простор;

– Марин троши пари за лампиони и светилки за Нова Година, а нема ставка за нови зелени површини;

– Општината троши половина милион евра за метларки од фирмата на екс вицепремиерот Анѓушев, а нема ниту денар за борба против аерозагадувањето;

Аеродром со Марин е поблиску до Африка. Да го вратиме Аеродром на граѓаните.

Коронавирус