среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 4
home Вести

Перински: Марин ќе троши за пари лампиони и светилки додека Аеродром се гуши во смог и луѓе умираат од корона

Перински: Марин ќе троши за пари лампиони и светилки додека Аеродром се гуши во смог и луѓе умираат од корона

Марин ќе троши за пари лампиони и светилки додека Аеродром се гуши во смог и луѓе умираат од корона, цели Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред три дена градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, распиша оглас за јавна набавка за новогодишно украсување на општината во услови кога граѓаните се борат со загадениот воздух и корона заразата. Значи Марин ќе троши за лампиони и светилки, а нема да потроши ниту денар за почист воздух или пак за помош и превентивни мерки од корона заразата. Во Општина Аеродром, во овој момент има над 1400 заразени од корона, на кој сигурно им е повеќе потребна помош за пребродување на здравствената криза од тоа таткото на општината да троши за лампиони и светилки. Овие пари можеа да се потрошат и за купување на лап топ компјутери за дечињата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а кои не се во можност да ја следат он лајн наставата, истакна Перински.

На крајот, расипништво е да се трошат пари за светилки, а народот да се гуши во смог.
Марин има сериозен проблем со приоритетите, освен ако во ова украсување нема и некаков друг можеби финансиски приоритет испреплетен со некакви интереси? Времето ќе покаже… додаде тој

Коронавирус