среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Перински: Бетонизација на Аеродром, Марин рекордер по издадени одобренија за градба

Перински: Бетонизација на Аеродром, Марин рекордер по издадени одобренија за градба

Покрај загадувањето и сообраќајниот метеж најголемиот проблем на #ОпштинаАеродром е непланското градење. Градежната мафија е каузално врзана со првите два проблеми кои ги споменав, загадувањето, но и сообраќајниот метеж, стои во Фејсбук статусот на Златко Перински.

– #ОпштинаАеродром не е рекордер по чистиот воздух, ниту пак по сообраќајниот ред, но затоа е рекордер по изградените згради и бетонот кој полека, но сигурно го окупира секое слободно место во Аеродром. Бројќите од анализата покажуваат дека за само 10 месеци во 2020 година градоначалникот #ЗлаткоМарин одобрил изградба на 1155 станови или повеќе од 63.168 м2 нов станбен простор. Ова значи дека во Аеродром, наместо урбанизирање, се случува бетонизирање на површина од околу 7 нови професионални фудбалски терени, пишува тој.

– Во Аеродром ќе се гради колку во 4 општини заедно, Центар, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров или скоро половина од новите станови во цело Скопје се градат само во #ОпштинаАеродром. Новите згради за жителите на Аеродром значат бетон, а за општината и Марин свежи пари, но главното прашање е што се изгради од страна на општината со бетонизирањето на Аеродром? Одговорот е очигледен, НИШТО. Граѓаните и натаму не гледаат ништо од парите кои се слеваат во општинската каса, и понатаму Аеродром е неславен рекордер по загадување, по сообраќајниот метеж и сега по урбаното дивеење и бетонизирање на општината. Срамота!!! пишува Перински.

Коронавирус