вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Перински: Аеродром се гуши во смог, Лисиче нема нов асфалт, а за Марин голфот е приоритет

Перински: Аеродром се гуши во смог, Лисиче нема нов асфалт, а за Марин голфот е приоритет

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром, Златко Перински, пишува дека додека граѓаните имаат проблеми за решавање, на градоначалникот Марин приоритет му е голф.

„Ако јавноста не знаеше дека постои, еве една добра работа од градоначалникот Марин што помогна да дознаеме дека во државата има Македонска Голф Федерација.

И додека Аеродром се гуши во смог, Лисиче нема нов асфалт, сепак Советот на Општина Аеродром , на предлог на Марин, на денешната седница донесе одлука за СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО со Македонската Голф Федерација.

Ова повеќе не е смешно, станува трагично“, пишува тој.

ЕУРО 2020

Македонија