сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Пепиќ: Тезата „едно општество за сите“ важи само во изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците

Пепиќ: Тезата „едно општество за сите“ важи само во изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците

Зекир Рамчиловиќ немаше да каже ниту збор за односот на власта во министерскиот и заменичкиот владин состав да нема ниту една друга етничка заедница. Бидејќи Рамчиловиќ, очигледно, нема доблест да се спротивстави на Заев, побаравме став од Авдија Пепиќ.

Тој потенцира дека тезата “едно општество за сите” важи само за избори и изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците.

„Во Собранието два дена се дискутираше за предлог заменици министри, а пратеникот Зеќир Рамчиловиќ не најде за време ни 10 минути да реагира за предлогот кој не гарантира едно општество за сите.

Рамчиловиќ не најде храброст да се заложи за гласот и правата на Бошњаците. Скандалозно е во составот на заменици министри да нема ниту еден претставник од Бошњаците.

Дали пратеникот Рамчиловиќ се повикува на гласот на Бошњаците само и кога се во прашање личните интереси?

Скандалозно е што во овој состав на заменици министри на Влада покрај Бошњаците нема ниту преставници од другите помали заедници. Очигледно е дека тезата ” едно општество за сите” важи само за избори и изборна кампања кога се потребни гласовите на Бошњаците“, порача Пепиќ.

 

Коронавирус