петок, 22. март 2019. Вести денес: 109
home Вести

Пепиќ и Радулов: Не нè разделувајте од семејствата

Пепиќ и Радулов: Не нè разделувајте од семејствата

Обвинетиот Мунир Пепиќ, кој денеска беше осуден на 15 години затвор, за случајот „27 април“ побара од судот да не биде ставен во притвор, бидејќи како што рече, не сака да биде одвоен од неговото семејство.

-Моето најголемо задоволство е да седам дома со мојата ќерка во скутот. Барам да не одам во притвор се до одлуката на Апелација за овој случај, рече Пепиќ.

Да не биде одделен од семејството побара и обвинетиот Оливер Радулов.

-Како фамилијарен човек семејството ми е најважно. Барам да не ме одвојувате од семејството, рече Радулов.

Поради своите семејства да не одат во притвор побараа и останатите обвините.

По објавата на пресудата, обвинителката Ивана Трајчева побара притвор за 16 те осудени, а набрзо судијката Добрила Кацарска треба да донесе одлука.