вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Пензионерите се оштетени и нивниот стандард на живот ќе се влошува- јазот помеѓу просечната пензија и просечната плата ќе продолжи да расте“

„Пензионерите се оштетени и нивниот стандард на живот ќе се влошува- јазот помеѓу просечната пензија и просечната плата ќе продолжи да расте“

Заев по стапките на својот ментор Црвенковски. Пензионерите се излажани и ограбени! Власта рекламира како пензиите пораснале за цели 0,4%, да повториме со текст НУЛА запирка ЧЕТИРИ ПРОЦЕНТИ. Сега ние треба да бидеме воодушевени од овој „историски“ успех и да продолжиме да седиме со наведнати глави и да ги броиме дополнителните 36 денари на пензија од 9,000 денари, велат од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Време е да се потсетиме дека оваа власт ја направи измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Измената се донесе на 26 декември 2018 година во Собранието на Република Македонија и истата е објавена во Службен весник бр.245 од 28 декември 2018 година.
Делот од измената кој е важен за сите нас (за нас моменталните и сите идни пензионери) е следниов текст:
Членот 37 се менува и гласи:
„(1) Пензијата се усогласува од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата.“
Односно, почитуван мој народе сега пензиите наши се усогласуваат само со процентот на индексот на трошоците на живот, а тој индекс за споменатиот период е 0,4%. Претходно, пензионерите беа во многу подобра позиција, бидејќи усогласувањето на старосната пензија се вршеше според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Односно преведено во бројки, СДСМ да не го изменеше Законот за пензиско и инвалидско осигурување пензијата од 9,000 денари ќе се зголемеше за 0,2% (половина од индексот на трошоците за живот) + 2% (половина од просечниот раст на исплатената плата), односно ќе се зголемеше за 2,2% или +198 денари.
Епа драги мои пензионери, ни фалат по минимум 162 денари од сметката, бидејќи моментално со СДСМ добивме само +36 денари на пензија од 9,000 денари.
Подолу можеме да ја видиме табелата за загубените пари за другите износи на пензии.


Од табелата се гледа дека загубите се големи, а единствена заштеда е за власта на СДСМ. Пензионерите се оштетени и нивниот стандард на живот ќе се влошува. Јазот помеѓу просечната пензија и просечната плата во Македонија ќе продолжи да расте, пишуваат на Фејсбук страницата.