сабота, 10. април 2021. Вести денес: 69
home Вести

Пензионерите незадоволни од петтиот пакет: Не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со меѓународните законски прописи

Пензионерите незадоволни од петтиот пакет: Не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со меѓународните законски прописи

Пензионерскиот синдикат на Македонија го изразува своето незадоволство од петтиот сет мерки за справување со последиците од Ковид 19 кризата.

Синдикатот смета дека со овој сет на антикризни мерки требаше да бидат опфатени сите пензионери, имајќи во предвид дека дел од пензионерите добија помош со претходната мерка.

– Очигледно е дека како старосна група пензионерите и постарите лица не се сметаат за група на која и е потребна помош а во суштина се група на граѓани кои се последни на списокот за да се подобри нивниот економско социјален статус во државата. Сметаме дека е направен пропуст и дека треба да се води сметка сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош. Во дел од соседните земји каде исто така се подготвуваа мерки за помош поради ковид пандемијата, пензионерите беа опфатени со сите мерки неколку пати додека пак кај нас пензионерите немаат пристап до мерките од државата што би значела помош пензионерите, велат од пензионерскиот синдикат.

Тие посочуваат дека оваа состојба на пензионерите не е од сега имајќи во предвид дека Пензионерскиот синдикат уште од своето формирање го осврна вниманието на потребата од минимални пензии и стави акцент на нискиот животен стандард на оваа група граѓани.

Пензионерскиот синдикат бара да се врати начинот на усогласување на пензиите пред измените во декември 2018 година каде усогласувањето се вршеше согласно трошоците на живот (инфлацијата) и покачувањето на просечната нето плата исплатена во државата за претходните 6 месеци. Соодносот во 2018 година на просечната плата со просечната пензија изнесувал 60 % додека ако се види тој сооднос денес, тој изнесува 56% ( односно просечна пензија во износ од 15.449 денари) од што може да се заклучи дека пензиите стагнираат и покрај тоа што реалност е и инфлацијата и покачувањето на платите.

– За споредба ќе го наведеме следното:
Просечна плата во ноември 2020 год изнесува 27.588 ден., а ако пресметаме 60% ( според законот до 2018 година) просечна пензија би изнесувала 16.553 денари. Исто така сакаме да истакнеме и дека одредени институции постапуваат своеволно и не го почитуваат Уставот и Европската конвенција за човекови права на Меѓународната организација на трудот и не дозволуваат регистрација на синдикатот. Синдикатот е формиран уште во 2018 година и сеуште го бара остварување на правото да биде регистриран како Пензионерски синдикат на Македонија како што е случајот со соседните земји каде одамна се формирани и функционираат синдикатите на пензионерите и постарите лица. Синдикатот поради ваквите моментални состојби е приморан да се обрати и до одредени меѓународни институции во чии земји функционираат пензионерски синдикати со цел да ја изнесеме состојбата и да кажеме дека во Македонија не можеме да си го оствариме правото кое ни е загарантирано со домашните и меѓународните законски прописи, додаваат.

Коронавирус