вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Вести

Пензионери и вработени повеќе нема да смеат да продаваат на тезга

Пензионери и вработени повеќе нема да смеат да продаваат на тезга

Пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазри од Нова година. Поради оваа измена во Законот за трговија, на пазарите ќе се намали бројот на пазараџии и прометот дури за 30 проценти, смета Стопанската комора. Затоа бараат тој да биде одложен за некое време, објави „24 Вести“.

Секој кој наоѓа интерес да тргнува на зелениот пазар треба да го оствари тоа право зошто државата има форма како да си го наплати својот дел, односно персоналниот данок за сите оние кои тргуваат на зелените пазари. Не гледаме пречка зошто овие категории не би можеле да тргуваат повторно на зелените пазари – вели Даниела Михајловска, од Стопанската комора.