вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Вести

Пендаровски: Воздухоплов во Кочани ќе пратиме УТРЕ!

Пендаровски: Воздухоплов во Кочани ќе пратиме УТРЕ!

Вечерва во Крушево, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Додека жителите на Кочани се борат за своите животи и имоти, Пендаровски им порачува дека хеликоптери ќе им бидат пратени УТРЕ!

-Наредбата како Врховен командант за ангажман на Армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на денот беа ангажирани нас 170 припадници на армијата, а во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба, напиша Пендаровски.

Коронавирус