недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Вести

Пендаровски во скутот на Шекеринска, се тргаат НАТО кадри за сметка на ученици на ЈНА

Пендаровски во скутот на Шекеринска, се тргаат НАТО кадри за сметка на ученици на ЈНА

Според информации од АРМ, Пендаровски во своите одлуки воопшто не е самостоен, туку е само продолжена рака на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, имено се протежираат пројугословенски кадри за сметка на лица школувани на запад. Последниот случај со поништувањата на указите на бригадниот генерал Ѓорговски и полковникот Драган Ковачки, кадри школувани на запад, од кои едниот на Кралската Воена Академија во Лондон.

Имено според нашите извори Пендаровски го поништува указот за генерал за Драган Ковачки, и го разрешува од позицијата Полковник на првата механизирана пешадиска бригада, која е скелетот на армијата, Ковачки завршил на Кралската Воена Академија во Лондон и има посетувано голем број елитни НАТО школи, за на негово место да го стави полковникот Емини Бесник, кој завршил во Рим. Кралската школа во Лондон е далеку по престижна од Римската и ако се суди по мерит систем Ковачки е покомпетентен во случајот.

Или пак Ковачки е тргнат затоа што се работи за офицер кој е Припадник на првата генерација на македонски офицери со завршена Воена Академија во Република Македонија и е припадник на првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак. Долгогодишен припадник на специјалната единица Волци и активен учесник во одбраната на држата во 2001 година!?

Пендаровски предност со најновите укази им дава предност на старите про-Југословенски генерали на сметка на младиот, едуциран, прозападен и патриотски македонски кадар.

Нашите извори од АРМ прашуваат каква порака праќаме кон НАТО сојузниците и кој ќе понесе одговорност за фрлените пари за школување и обука на младите офицери на кои во иднина ќе се темели АРМ? До кога советници во ликот на пензионирани генерали поврзани со воени злосторства на поранешните ЈУ простори ќе ја кројат иднината на АРМ? Црвената буржуазија мора да си замине од АРМ. Цврсто стоиме на ставот дека Политиката мора да остане надвор од Армијата и безбедносните сили, а АРМ во иднина мора да ја водат и ќе ја водат млади перспективни и прозападни офицери.