четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 114
home Вести

Пендаровски во посета на Јавниот сервис МРТ

Пендаровски во посета на Јавниот сервис МРТ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Јавниот сервис МРТ, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.

Во рамки на посетата, Пендаровски се сретнал со директорот Марјан Цветковски и раководството на МРТ.

-На средбата се разговараше за функционирањето и предизвиците со кои се соочува јавниот сервис, како и за финансиските состојби, условите за работа на вработените и неопходното обновување на техниката, се наведува во соопштението.

На средбата се зборувало и за процесот на дигитализација на архивските материјали при што Пендаровски изразил поддршка за овој значаен процес и ја нагласил важноста за трајно зачувување на аудио и видео записите кои претставуваат наше национално богатство во кое се содржани сите настани врзани со создавањето и развојот на македонската држава и македонското општество.

Пендаровски ги посетил и просториите каде што се складирани архивските материјали, направил увид во условите во коишто се чуваат, а бил запознат и со дел од содржината на аудио и видео записите.

– За време на посетата, претседателот Пендаровски се сретна и со вработените во информативните програми на радиото и телевизијата, на одделни сектори и се запозна со условите во кои работат, при што посочи дека е неопходно МРТ да е вистински јавен сервис, кој ќе ја има довербата и поддршката на граѓаните и ќе биде промотор на јавниот интерес и столб на медиумскиот систем во државата, се вели во соопштението.  (МИА)

 

Коронавирус