четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Пендаровски во официјална посета на Албанија

Пендаровски во официјална посета на Албанија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, утре – 26 октомври 2019 година, сабота, ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Во Тирана тој ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, а ќе оствари средби со премиерот на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи.

Во рамки на официјалната посета на Албанија, Пендаровски во Тирана ќе учествува и ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.

Најнови вести

Коронавирус