сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 14
home Вести

Пендаровски за „Рекет“: Треба да биде помалку битно кој ги дистрибуирал материјалите отколку нивната содржина

Пендаровски за „Рекет“: Треба да биде помалку битно кој ги дистрибуирал материјалите отколку нивната содржина

Претседателот на државата Стево Пендаровски во денешното обраќање пред јавноста во врска со случајот „Рекет“, истакна дека сме сведоци на една огромна криминална афера што ги тресе институциите.

Потенцираше дека е разочаран што надлежните заминале на одмор како да се работи за нормална состојба и побара од институциите завршување на истрага и подигнување обвиненија, но и освен кривично-правната да се понесе и политичка одговорност доколку постои.

-Треба да биде помалку битно кој ги дистрбуирал материјалите и снимките, а да биде поважна содржината на истите, вели Пендаровски.

Подвлече дека се вмешани луѓе од различни профили од бизнисмени до обвинители, но и дека никој не смее да биде над законот.