Претседателскиот канидат на СДСМ, Стево Пендаровски веќе ужива статус на ѕвезда пред која и законите замижуваат.
На трибина со граѓаните на Делчево, Пендаровски се изнасмеа на помислата дека него може да го запре полиција за брзо возење, па и да го казни, затоа што полицајците го знаеле од телевизија.
Откако се изначуди, се коригира, па рече дека полицаецот ќе го казнел само ако бил од ВМРО-ДПМНЕ.
Свесно или несвесно Пендаровски, кој сака да стане татко на нацијата, призна дека полицијата е партизирана и дека членовите на власта се поеднкави од останатите.