вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Пендаровски: Тоа што се случи со Бугарија истото ќе се случи и со Северна Македонија кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО

Пендаровски: Тоа што се случи со Бугарија истото ќе се случи и со Северна Македонија кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва беше меѓу граѓаните на Берово.

Пред беровчани тој ги нагласи политиките на актуелната Влада за отворање на портите на Европа наместо тунелот во кој како што рече, претходно се наоѓаше државата.

Тој го напомена горливиот проблем со невработеноста, ќе се надмине по влегувањето во Европската Унија. Како пример за решавањето на проблемот со невработеност Пендаровски ја наведе Бугарија, која по влегувањето во ЕУ има процент од 5,6 невработеност.

-Верувам дека за кратко време и нашата земја како што тоа се случи во Република Бугарија ќе ја намали таа стапка на невработеност. Тоа ќе се случи со довршување на работите за пристап во НАТО и ЕУ. НАТО гарантира безбедност на границите и пошироко не само кај нас. Штом тука имаме гаранции ги отвораме фондовите на ЕУ. Ако во јуни ги отпочнеме преговорите имаме огромни фондови во делот на земјоделието. 120 милиони евра само претходната година вложи во субвенција. Ако станеме држава која преговара тое средства ќе се зголемат. Јас мислам дека подобра опција од оваа и од безбедносна и економска причина нема, додаде Пендаровски.