сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски со честитка за празникот 23 Октомври

Пендаровски со честитка за празникот 23 Октомври

Датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. Благодарение на визијата на тогашните напредни интелектуалци за слобода и за правда, се осмисли почетокот за револуционерна борба и се обединија прогресивните сили во стремежот за остварување на националните и социјални идеали, се вели во честитката на претседателот на државата Стево Пендаровски по повод државниот празник 23 Октомври, ден на македонската револуционерна борба.

Пендаровски наведува дека во македонската револуционерна организација имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но секогаш само една и единствена заедничка идеја ‒ Македонија слободна и независна.

-Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Република Северна Македонија. Да ги надминеме предизвиците на нашето време, да си ја сакаме и чуваме државата, да не се арчиме со меѓусебни судири и да го оставиме личниот интерес и суетите настрана. Да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери. Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба, порачува шефот на државата.

Коронавирус