четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 96
home Вести

Пендаровски со честитка по повод Светскиот ден на волонтерството

Пендаровски со честитка по повод Светскиот ден на волонтерството

Претседателот Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на волонтерството, упати порака до волонтерите со којашто им изразува благодарност за нивната пожртвуваност, одговорност и посветеност во извршувањето на нивните ангажмани и хуманитарни активности.

Во продолжение интегралниот текст на пораката:

„Во животот секогаш најмногу не инспирираат поединците кои прават нешто добро, а, без никаков надомест. Доброволно, искрено, посветено и чесно, мотивирани единствено од желбата да се помогне некому во неволја, да се понуди утеха, да им се служи на другите луѓе и на заедницата на која припаѓаат. Вашата благородна мисија е ретка појава во светот во кој милиони секојдневно се во постојана трка по материјални богатства и моќ, не гледајќи дека покрај нив има многумина кои страдаат. Сите ние, имаме многу што да научиме од вас, вклучително и во прв ред, ние, политичарите. Ви благодарам за сето време што го одвојувате и за сите напори што ги вложувате за да помагате и придонесувате за општото добро и за поспокоен живот на сите немоќни, болни и унесреќени. Дозволете ми, во името на сите наши граѓани да искажам огромна благодарност и почит за вашата пожртвуваност, вашата одговорност и посветеност. Ве охрабрувам и натаму да останете ангажирани, да делувате онаму каде што е најпотребно, и со личен пример полека да ја враќате вербата во хуманоста и солидарноста како предуслови за една среќна и просперитетна човечка заедница. Ви благодарам!“

Коронавирус