сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 112
home Вести

Пендаровски: Се уште не знаеме кои се 14-те починати, доаѓањето на странските експерти се очекува за 48 часа

Пендаровски: Се уште не знаеме кои се 14-те починати, доаѓањето на странските експерти се очекува за 48 часа

Обдукцијата на загинатите 14 лица во пожарот кој вчера избувна во тетовската модуларна болница каде се лекуваа ковид пациенти, се очекува да заврши утре.

Претседателот Стево Пендровски го истакна ова при денешната посета на местото на несреќата и соопшти дел од информациите кои ги добил од интитуциите.

-По обдукцијата ќе се започне со постапката за идентификација на лицата. Во овој момент ние се уште не знаеме кои се 14-те лица. Повикани се роднини на тие што се лекувале во болницата да дадат материјал за идентификација, бидејќи идентификација на лицата со оглед на се што се случи оди тешко. Затоа се бара ваква помош, не може визуелно да се идентификуваат, истакна Пендаровски.

Во однос на странската експертиза за која Владата информираше дека е прифатена, Пендровски открива дека се очекува во следните 48 часа странските експерти да пристигнат во земјава.

-Од она што е моја надлежност, знам дека постои понуда од неколку земји членки на НАТО Алијансата, од најмоќните во Европа и нивното доаѓање би требало да се случи најверојатно во следните 48 часа, посочи Пендаровски.

Тој посочи дека не смееме да дозволиме истрагата да трае со месеци.

Коронавирус