среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 178
home Вести

Пендаровски: Ратификацијата на договорот за НАТО може да помине и во технички парламент

Пендаровски: Ратификацијата на договорот за НАТО може да помине и во технички парламент

Претседателот Стево Пендаровски смета дека датумот за предвремени парламентарни избори не треба да се поврзува со ратификацијата на договорот за членство на Македонија во НАТО. Според него, Собранието има можност да работи се додека не се верификуваат мандатите на новите пратеници.

-Кога ќе завршат сите ратификации кај сите земји членки и ние тој договор ќе треба да го ратификуваме во македонскиот Парламент. Во однос на тоа не треба да има никаква дилема. Парлементот постои и е активен се додека не се избере следниот парламент. Ако затреба кај нас да се ратификува тоа нема никаков проблем и притоа би апелирал да не се занимаваме со технички и правни задолженија. Ако треба, кога имате правно кажано техничка влада, мора и да има и технички парламент и не може да постои само техничка влада, а парламентот воопшто да не егзистира. Ако дојдеме до ситуација ќе се ратификува договорот без разлика кој месец да биде, воопшто да не се доведува датумот на изборите со тоа – рече Пендаровски.