четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски: Прво консултации со партиите, а потоа доделување мандат за составување Влада

Пендаровски: Прво консултации со партиите, а потоа доделување мандат за составување Влада

Претседателот Стево Пендаровски планира да одржи консултации со политичките партии, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова Влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Македонија.

Шефот на државата во изјава за ТВ 21 вели дека консултациите со партиите ќе бидат одржани по конституирањето на Собранието.

Според Уставот, Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите. Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, според првичните неофицијални резултати што ги соопшти ДИК, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус