вторник, 3. август 2021. Вести денес: 173
home Вести

Пендаровски побара од надлежните да организираат фер и демократски избори и безбедна кампања

Пендаровски побара од надлежните да организираат фер и демократски избори и безбедна кампања

Гласањето на 15 јули според премиерот Оливер Спасовски, не значи загрозување на здравјето на граѓаните. Премиерот ги покани сите учесници на изборите да ги почитуваат мерките и протоколите на здравствените институции.

Во меѓувреме, претседателот Стево Пендаровски повика на безбедна кампања и одговорност на надлежните институции да работат професионално.

„Сите учесници во изборниот процес да придонесат изборите да бидат фер, слободни и демократски, со кампања во која учеството ќе биде безбедно за сите, и за кандидатите и за граѓаните, достоинствена и инклузивна. Надлежните институции да работат професионално, во согласност со принципите на отвореност, еднаквост и непристрасност.

Граѓаните да излезат и да гласаат по свое лично убедување, без страв и притисоци и да одлучат сами на која опција ќе го дадат својот глас и доверба“, порача Пендаровски.

Претседателот ги повика медиумите за фер и објективно известување, бидејќи пандемијата ќе влијае на намалувањето на директните контакти меѓу кандидатите и граѓаните.

Коронавирус