вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски по успешно завршените партиски задачи го награди Ерол Муслиу за директор на Агенција за разузнавање

Пендаровски по успешно завршените партиски задачи го награди Ерол Муслиу за директор на Агенција за разузнавање

За директор на Агенција за разузнавање беа во игра три имиња на Албанци кои се наоѓаа на раководни позиции во бeзбeднocниoт систем. Стануваше збор за Ариф Асани, aктyeлен заменик директор на УБК и фаворит на ДУИ, фаворит од сенка на Оливер Спасовски беше неговиот советник Рефик Черими, а на Зекири беше актуелниот заменик директор на Агенцијата Ерол Муслиу.

И по „мачните“ преговори кој да стане директор на Агенција за разузнавање денеска се обелодени по медиумите. Пендаровски го назначи Ерол Муслиу, кој е познат како човек на Заев. Додека се бираше кој да стане директор, Муслиу беше фаворит на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој пак се смета за нaјзаслужен во СДСМ за поддршката од албанскиот електорат на овие избори.

Досегашниот заменик-директор на Агенцијата за разузнавање за неговата мината позиција се зборува дека ја добил и со поддршка од други странски разузнавачки служби, но токму тоа е и причина за сомнежот во искреноста на неговото работење.

Изминатиот период имаше информација дека луѓе вработени во Агенцијата за разузнавање по препорака на Муслуиу, заедно со Мухамед Зекири од СДСМ биле на посета на гробовите на загинатите терористи од Косово во Диво Насеље, каде имаат остварено средба дури и со локалните власти. Според информациите имале и средби со безбедносните структури на Косово. Што точно се зборувало остана енигма.